ВИДЕО: Мечка со гума околу стомакот тргна да плива во базент

На Јутуб се појави видео, на коешто еден црн мечок зема гума за пливање и ја става околу својот стомак.

Иако овој потег ги насмеа повеќето од оние кои го погледнаа видеото, имаше и такви кои го предупредуваат авторот на снимката, на внимателност, со оглед на тоа дека, како што самиот вели, ова не е негова прва средба со мечокот.

Само ден претходно, човекот го видел животното како јаде од канта за отпадоци, и како се движи околу базенот. 

Коментари

Популарно