Червар со неблагодарна споредба: Ја видовте Македонија, на што личеше тоа…

Лино Червар не може да смета на Домагој Дувњак уште по првиот натпревар на Хрватска на Европското првенство, а обидувајќи се да опише колку другите играчи одлично го заменуваат неговиот придонес на теренот, искусниот хрватски стручњак направи една неблагодарна споредба со македонската ракометна репрезентација.

Поранешниот селектор на Македонија го зема за пример последниот натпревар на нашата репрезентација, односно укажа на тоа колку лоши биле „црвено-жолтите“ во ситуација кога го немаат на располагање најдобриот ракометар, Кире Лазаров.

Червар со ова се обиде направи една компарација за тоа колку всушност му недостига Дувњак, но исто така и да ја „крене до облаци“ работата на другите играчи кои истапија и со тимска работа направија да го намалат неговото отсуство.

– Горд сум на тоа како нашиот тим одигра против Норвешка. Видовте каква беше Македонија против Шпанија без Лазров. На што личеше тоа…, порача Червар на последната прес-конференција, алудирајќи на тоа дека Хрватска игра без најдобриот играч на ова Европско првенство.

– Како би изгледала Франција без Карабатиќ? Норвешка без Сагосен? Горд сум на моите момци, тие отвораат едно ново поглавје во нашиот ракомет. Убаво е да се биде репрезентативец на Хрватска во овој момент, но сега не треба да се се фрлат копјата. Тимот треба да даде се од себе против Франција. Сите би сакале да игра Дувњак, но ние играме со тоа што го имаме и се надевам дека момците ќе дадат се од себе, завршува тој.

Коментари

Популарно