(ВИДЕО) Прекрасна емотивна приказна од сурогат мајка која го носеше бебето на нејзиниот син

Кајла Џонс има 29 години и доаѓа од Тексаркана, Аркансас, а таа е само една од многубројните девојки кои имаат желба да основаат семејство. За жал, таа направила делумна хистеректомија, која вклучува отстранување на матката и тоа само на 17 години. Токму поради тие причини, Кајла својот сон не може да го оствари.

Единственото решение за да основаат семејство со нивно биолошко дете е да пронајдат сурогат мајка, која ќе го носи нивното бебе 9 месеци.  

"Јас можам да имам биолошко бебе, но не можам да го носам јас", изјави Кајла за магазинот "Love What Matters". "Поради тоа, јас и мојот сопруг сме во потрага по сурогат мајка".

Тие двајца се обиделе да го најдат совршениот кандидат, но потрагата завршила неуспешно. После тоа, парот се одлучил да побарат помош од женските членови од семејството, а за тоа има причина!

"Мојот сопруг и јас се венчавме во 2012 година, а мајката на мојот сопруг секогаш се шегуваше да ни биде сурогат. Откако имавме повеќе неуспешни обиди во потрага за сурогат, ние започнавме да ја сфаќаме Пети малку посериозно", објаснува Кајла.

После неколку испитувања, истражувања и скептични доктори, мајката на Коди беше одличен кандидат за да го носи нивното бебе. Сепак, првиот обид бил неуспешен, но се одлучиле да не губат надеж и повторно да се обидат.

"Во Мај 2017 дознавме дека мајката на Коди е бремена!"

7 месеци подоцни се роди машко здраво бебе, Крос Ален Џонс. "Јас сум вчудоневидена од ова слатко мало чудо. Да имаме бебе по пат на сурогат мајка не беше лесно ниту за нас, ниту за мајката на Коди. Но, тоа што сега го имаме, свесни сме дека тешките денови се исплатеа".

Семејството е пресреќно, а нивната необична приказна беше интересна за целиот свет, која порталот Bored Panda несебично ја сподели. 

Коментари

Популарно