Кејт Мос: "Не би ѝ дозволила на мојата ќерка да се фотографира топлес, сметам дека тоа е лудо"

Кејт Мос (44) во модната индустрија е од 14 години и изгради кариера која е тешко да се надмине. Една од најуспешните топ модели во историјата е позната и како ултимативна party девојка.

Низ кариерата ретко даваше интервјуа, но сепак  го кажа нејзиното мото: 

"Не се жали и не објаснувај", што значи дека никогаш не давала коментари за скандалите кои ја карактеризираа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

WHAT’S UP? #TBT

A post shared by Kate Moss Latest ⚡️ (@katemosslatest) on

Со оглед на тоа дека таа е една од манекенките кои го прослави така наречениот heroin chic изглед, многумина ја нападнале, бидејќи со тоа промовирала нездрава фигура и поттикнува пореметување во исхраната. Таа никогаш не се бранела, но сега во едно интервју рекла дека повеќе не смета дека слаба девојка е најпожелното нешто дури и во манекенството.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

KATE @mario_sorrenti #MAJOR

A post shared by Kate Moss Latest ⚡️ (@katemosslatest) on

Манекенката се прослави со кампањата "Obssesion" за Келвин Клајн, за која ја фотографираше тогашното момче Марио Соренти, а на некои фотографии беше и топлес. Денес вели дека не е воодушевена со таквиот начин на фотографирање.

"На почетокот на кариерата работев со фотографката Корин Деј која секогаш ме присилуваше да ја соблечам маицата и тоа никако не ми се допаѓаше. Марио беше моето момче и беше нормално да позирам така пред него, но секогаш се прашував дали можам едноставно да облечам нешто. Не би ѝ дозволила на мојата ќерка да го прави тоа. Таа има 15 години и кога ќе се сетам што правев на нејзини години, сметам дека тоа е лудо", рекла Кејт.

Коментари

Популарно