Порталот Инфомакс.мк, објави дека Жаклина Јовановска градоначалничка од редовите на СДСМ, набавила нов автомобил „Шкода Октавија“ за неверојатни 1.108.000 денари. За возилото, таа приредила и банкет во општината, со организиран кетеринг на кој се служеле исклучиво морски плодови. На забавата и частењето за новиот автомобил биле повикани и членовите на локалната партиска организација на СДСМ.
Додаваат, дека надвор во дворот на општинската зграда исто така се делело јадење и пиење за „обичните“.
Во услови кога Старо Нагоричане е општина со најмала стапка на вработеност во државата, а општината функционира со блокирана сметка, ваквото самоволие е надвор од умот – додаваат нагоричанци.
Договорот за лизинг на возилото е склучен со „Порше Лизинг“ на 36 рати.