Сончево време со по некој облак

Денеска е петок, 12 октомври 2018 година, 285-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 80 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 17 часот и 59 минути.

Денов трае 11 часа и 18 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот, а ќе зајде во 20 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до шест степени, а дневната до 25 степени. 

Коментари

Популарно