ФОТО: Принцот Вилијам со заводлива фотографија им се заблагодарил на фановите

Ако му се обратите на кралското семејство, големи се шансите дека ќе добиете нешто за возврат.

Имено, членовите на кралското семејство имаат обичај да им испраќаат благодарници на своите фанови, кои им испраќаат честитки по повод венчавка, роденден или друг важен настан. Така и Меган и Хари на своите обожаватели, од кои добиле честитки за венчавката, им испратиле заедничка фотографија на која им се заблагодаруваат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

TRH The Duke and Duchess of Sussex Wedding 2018 #royalmail #royalletter #royalreply

A post shared by Royal Letters (@lettersroyal) on

А сите оние кои на принцот Вилијам, кога пред нешто повеќе од три месеци му испратиле честитка за 36-от роденден, сега добиле негов заводлив портрет, на кој исто така има текст за благодарност.

Фотографијата која им ја испратил на обожавателите, направена е во 2017-та година, пренесува британскиот „Harper's Bazaar“, а принцот на неа изгледа прилично лежерно и опуштено.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

HRH The Duke of Cambridge Birthday 2017 #royalmail #royalletter #royalreply

A post shared by Royal Letters (@lettersroyal) on

Ако сакате и вие да добиете писмо со искажана благодарност од некој член на кралското семејство, моментално најдобар начин за тоа е да ѝ испратите честитка на Меган Маркл по повод бременоста. 

 

Коментари

Популарно