Скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.  

Пронајден маж кој бил бил киднапиран пред 26 години

Маж кој бил киднапиран пред 26 години, е пронајден жив и здрав во Алжир. 

Омар бин Омран е пронајден на место кое е оддалечено само неколку стотини метри од неговото семејство, а никогаш не повикал помош бидејќи бил убеден дека врз него биле фрлени магии.

Омран исчезна за време на децениската граѓанска војна во Алжир во 1998 година, што доведе неговото семејство да претпостави дека тој загинал во конфликтот меѓу владата на северноафриканската нација и разни исламистички бунтовнички групи.

Сега 45-годишниот беше пронајден меѓу стогови сено во штала на 12 мај – на 200 метри од домот на неговото семејство во градот Гилфа. Откритието дојде кога братот на киднаперот објави поплаки на социјалните мрежи наводно поради спор за наследување.

Извештаите велат дека објавата го поттикнало семејството на Омран да изврши рација во куќата на киднаперот. Наводниот виновник, 61-годишен вратар, кој работи во блискиот град Ел Гуедид, бил приведен кога се обидел да избега, соопшти алжирското Министерство за правда.

Министерството соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек додавајќи дека жртвата добивала медицинска и психолошка помош по злосторството, кое го опиша како „гнасно“.

Алжирските медиуми објавија дека жртвата изјавила дека не можел да повика помош „поради магијата што му ја направил киднаперот“.

Снимките беа споделени на социјалните мрежи и емитувани на алжирските телевизиски мрежи од моментот кога тој беше пронајден во дупка во земјата, опишана од властите како штала, во домот на неговиот наводен киднапер.

Заматеното видео ја покажува светлината на батериските ламби што осветлуваат јамата опкружена со сено додека Омар срамежливо гледа нагоре, шокиран, со парчиња слама во неговата коса.

Потрагата по Омар беше почната во 1998 година кога тој исчезна на пат кон средното стручно училиште. Мајката на Омар почина во 2013 година, без да ја знае вистината за она што се случило со синот. Таа упати молби на телевизија за информации за неговото исчезнување, според алжирскиот весник L’Expression.

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Утрово во Граѓанскиот суд во Скопје починал адвокат.

Трагичната вест на Фејбук ја соопшти адвокатот Јанаки Митровски кој бил сведок на немилиот настан.

„Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја.

Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив.

Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки( починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години.

Премногу се вознемирив, и сеуште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството“, напиша на Фејсбук адвокатот Митровски.

Повторно одложен судскиот процес за Пендиков

Не се одржа денешното рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Причина за тоа беше напојавувањето на двајца сведоци на Обвинителството, уредно поканети за денешното рочиште.

Според кажаното во судницата, причина за нивното непојавување било што биле на неодложно деловно патување, на што судијата Бојан Мартиновски што го води процесот реагираше со најава дека ќе побара нивно приведување и стражарно спроведување за наредното рочиште.

Стефан Камишевски, застапникот на оштетениот оцени дека непојавувањето на сведоците е несериозно, притоа забележувајќи дека ваквите појави укажуват дека потфрлаат институциите.

- Секое нефункционирање на било кој државен орган претставува повреда на нашит права како граѓани, во било каква постапка. Тоа доведува до непотребни одлагања, рече Камишевски.

Адвокатот на одбраната, Димитрија Цобоски, од своја страна рече дека недоаѓањето на сведоците е неспроведување на законските одредби од страна на полицијата.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

Наредното рочиште од преоцесот е закажано за 12 јуни.

Популарно