ВИДЕО: Крв на сите страни, момчето направило масакр - детали за хоророт во Драчево

Дваесет годишното момче кое пред два дена си ја уби бабата во скопско Драчево заврши во притвор.

 Како што соопштија од ОЈО , момчето и нанело неколку убодни рани со нож на бабата.

Момчето потоа во пределот на вратот и нанело засецна рана на својата баба која била пресудна за смртта.

Настанот ја потресе цела македонска јавност.

Нови детали за грозоморното и незапаметено убиство во Драчево, каде внук ја закла баба си. Дваесетгодишно момче со нож ја усмрти баба си,и ја отсекло главата, па само се пријави во полиција, по што доби 30-дневен притвор.

Соседите шокирани, велат не очекувале дека некогаш, мирното и повлечено момче од крајот на улицата, би можело да стане убиец, но, се сомневаат дека користело наркотици, а коментираат дека постои можност да било дел од секта, пренесе алфа.

Според извори на Алфа, дваесетгодишното момче неколку пати престојувало во психијатриската болница во Бардовци.

Коментари

Популарно