ВИДЕО: Инстаграм ѕвездата објавила шок снимка, па сама се предала во полиција

Марсела Зоиа сама се пријавила во полиција во Торонто, откако на Инстаграм објавила снимка на која фрла две столчиња од 45-тиот кат на зграда.

И се закануваат обвиненија за загрозување на животи. Зоиа изнајмила апартман од чиј балкон фрлала столчиња. 

Откако видеото било објавено во саботата претпладне, стана вирално и разбесни многумина. Полицијата започнала истрага, а девојката после тоа сама се предала.

Откако се се предала, Зоиа го избришала својот профил на Инстаграм со повеќе од 4.000 фанови, морала и да плати 2.000 долари кауција, а тогаш и било наредено да живее со мајка и.

Исто така, таа не смее да контактира со четири лица кои биле со неа во тој момент.

"Се срами од тоа што го направи, жали што тоа се случило. Секако, не сакала да загрози ничија безбедност", рекол нејзиниот адвокат.

Коментари

Популарно