Синот на Мисовски: Хитсеријата на јавноста ме натера да направам штетен потег за себе

По огромниот број на вработувања во семесјтвата на владејачката коалиција во јавни институции, реакциите во јавноста натераа досега двајца од нив да се повлечат од работната позиција. Еден е синот на пратеникот Мисовски, кој тоа го објави на ФБ:

- Драги пријатели и непријатели, во изминатите неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во АСО. Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас (повторувам јавниот оглас) за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, во потполност ги исполнувам. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати (потенцирам) на јавниот оглас за вработување, како единствен пријаен кандидат кој ги исполнува условите за временото вработување на 12 месеци бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување во смисла на прекршување на каква било процедура за вработување, сепак чувствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почувствува барем мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег штетен за себе покажувајќи интегритет и дигнитет.

Извор: Фејсбук статус Кристијан Мисовски

Коментари

Популарно