ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа новата куќа на Душко и Карлеуша

Јелена Карлеуша која пред повеќе од 10 дена ја изгуби нејзината мајка и доживеа страшна болка, наскоро со сопругот Душко тошиќ и нивните ќерки ќе се преселат во нивната нова куќа.

Карлеуша сеуште не е подготвена да и се врати на работата, но и да се занимава со преселувањето затоа што сеуште е во жалост, затоа одговорноста за сето тоа ја презеде нејзиниот сопруг.

Иако Јелена и Душко и сега живеат во вила во Дедиње, оваа нова куќа ќе им пружи повеќе удобност. И оваа вила е сместена во елитниот дел на Дедиње, а освен просторот има големо двориште, четири големи купатила, како и базен пред самата куќа. А најчудно е тоа што на бетонската ограда е поставена и бодликава жица за што и никој не би се осмелил да провали. Освен оградата, се шпекулира дека вилата има најсовремен безбеносен систем.

Најново што пишуваат српските медиуми е тоа дека Јелена и Душко се одлучиле да го променат училиштето на нивните ќерки.

Наводно тие посетиле едно приватно училиште на Дедиње, во кое Атина и Ника ќе го продолжат образованието.

-Душко и Јелена решиле да им го променат животното и работното опкружување поради се низ што помина нивното семејство. Пред се поради скандалот чиј главен актер беше токму Јелена, а потоа и поради Дивна Карлеуша. Како децата во тие години во кои се Ника и Атина знаат да бидат немилосрдни, да закачаат и оговараат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека тоа во новото училиште нема да го има. Имено тие избраа интернационално училиште во кое претежно одат странци, наставата е на англиски јазик и веруваат дека другите деца нема ни да знаат кои се Душко и Јелена, а камоли да знаат што им се случувало во приватниот живот – раскажал извор близок на пејачката.

Одлуката да ги запишат ќерките во тоа училиште е и поради неговата локација.

-Душко и Јелена до крај на пролетта се селат во вила на Сењак која ја купиле од Драган Стојковиќ Писки, а новото училиште кое ќе го посетуваат Атина и Ника се наоѓа на 5 минути оттаму. Внатрешните работи се при крај, а Душко престојот во српската престолнина ќе го искористи и за надгледување на истите – додал изворот.

Коментари

Популарно