Академија Пандев го освои трофејот во Купот на Македонија.

Фудбалската екипа на  Академија Пандев за првпат во клупската историја го освои трофејот во Купот на Македонија. Во 27.финале Струмичани беа поуспешни  од Македонија ЃП после подоброто изведување пенали (4-2). Во регуларниот тек, а и после продолженијата, мечот заврши 2-2.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, заслугите им ги препиша на фудбалерите, честитајќи му и на противникот за коректниот натпревар.

„Ова е голем ден за Академија Пандев, првпат во историјата го освоивме трофејот во Купот на Македонија. Честитки за фудбалерите, одигравме квалитетно финале, покажавме карактер и голема желба за триумф. Се играше отворен фудбал, беа постигнати четири гола, а пеналите се лотарија, имавме подобра концентрација и се разбира, среќа. На најдобар начин ја заокруживме оваа сезона“, изјави тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Коментари

Популарно