На славната пејачка разводот „добро и дојде“

Пејачката Адел (31) деновиве беше „фотографирана“  во друштво на мистериозен човек. Медиумите  заклучија дека тоа ѝ е новото момче, но набрзо се откри дека станува збор за сопругот на нејзиниот пријател Алан Кар, со кого пејачката со години се дружи.  Тие заедно беа на концертот на Селин Дион.

Обожавателите на Адел ја забележаа нејзината вита линија, и според коментарите, оваа промена ги израдува.

„Жената се преполови. Никогаш подобро не си изгледала, ослаби уште десет килограми и ќе изгледаш како модел“, стои во коментарите.

Пејачката пред три месеци се разведе од бизнисменот Сајмон Конецки (45), со кого беше во брак три години и седум години во врска. Портпаролот на пејачката соопшти дека двојката се развела и нема да има понатамошни коментари на оваа тема, според „Мирор“.

Коментари

Популарно