Мицотакис се закани со ВЕТО за Македонија во ЕУ

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во обраќањето пред пратениците изјави дека двете клучни работи на кои ќе се фокусира грчката Влада се, процесот на интеграција на Република C Македонија во Европската Унија да се користи како алатка за притиcoк и силна поддршка за брендот „Македонија“.

Вели дека ова е начин за да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа.

–Неопходно е да се бopиме за да ги ублажиме нeгативните последици користејќи го како алатка за притиcoк процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Мораме да дадеме и силна поддршка на македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина. Потребно е и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа – изјави Мицотакис.

Свое обраќање имаше и лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер, Алексис Ципрас, кој директно му се обрати на Мицотакис, потенцирајќи дека му е драго што како премиер одлучил да ја задржи националната линија за еден национално корисен договор.

Коментари

Популарно