Жан Клод Јункер ќе остане без еден орган

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер  вчера бил приморан да го прекине одморот во Австрија и да замине на итна операција во Луксембург, пренесува британски „Гардијан“. Како што се наведува во весникот, Јункер заради проблеми со жолчката морал на итна операција за отстранување на жолчното кесе.

Жан Клод Јункер е поранешен премиер на Луксембург, а на чело на Комисијата е од 2014 година. Неговиот мандат истекува во октомври, кога ќе го наследи германката Урсула вон дер Лајен.

Коментари

Популарно