ЈО посочи што изнудила Јанева од Камчев за случајот „Империја“

Јавното обвинителство за организиран криминал бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет” и попладнево таа беше уапсена. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот “Империја”.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети. Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот “Империја”.

Коментари

Популарно