ВИДЕО: Вака Јанева беше спроведена во Шутка

Триесет дена притвор одреди судија на претходна постапка во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Коментари

Популарно