Нивната „судбина“ ќе се реши утре

Откако вчера специјалната обвинителка  Катица Јанева беше разрешана, останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство.

Согласно законот нивниот  мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. За нив, Советот на јавни обвинители ќе расправа утре на седница.

За јавните обвинители кои се дел од СЈО, како што посочи Колевски, ќе мора да се применат одредбите од Законот за Специјалното јавно обвинителство за претставник на нивната функција.

– Тоа в понеделник ќе го констатираме со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност, потенцира вчера Колевски.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекуваше денеска. Таа поднесе оставка на 15 јули веднаш по објавувањето на аферата „Рекет“ и апсењето на прво и второ осомничениот – Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Коментари

Популарно