Видео: Јелена Карлеуша се „пофали“

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил на своите фанови им ја покажа својата нова вила која изгледа навистина луксузно.

ЈК вилата ја купи од српскиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, а преку својот Инстаграм профил сподели фотографија од куќата со базен и со текст „Мојот нов дом“.

Таа поседува голем двор, четири големи тоалети како и базен на самиот влез.

Во внатрешноста на домот има сауна и теретана, а и одличен сигурносен систем.

Куќата која ја наводно Душко и ја купил на Јелена чини вртоглави 2.500.000 евра и истата се наоѓа во елитниот дел на Дедиње.

Српските медиуми пишуваат дека овој сигурносен систем кој е најсовремен го немаат ниту нејзините колешки Цеца и Лепа Брена.

Освен тоа целиот имот е заграден со високи ѕидови и боликава жица која не може да се прескокне на никаков начин.

Коментари

Популарно