Видео: Неверојатна телесна трансформација за една година

Кога започнувате да вежбате, најчесто ве интересира колку време е потребно да ги видите првите резултати или колку е напорно да вежбате за да ја постигнете целта. Вистинските одговори може ги има звездата на You Tube, Joe Weller кој постигна неверојатна телесна трансформација за една година.

Weller вели дека честопати се обидувал да „работи“ на себе одново и одново, но секогаш се враќал на лошите навики. Кога конечно донесе цврста одлука да се посвети на својот изглед, во рок од една година тој успеа да го обликува своето тело и да ги обликува мускулите. 

Целиот процес е снимен преку 11-минутно видео кое има над два милиони прегледи на You Tube. 

Како што вели во видеото, како момче тој секогаш бил буцкаст, а како 12-годишник бил исфрлен од фудбалскиот тим заради дебелина. 

Тој успеа да ги намали вишокот килограми, дури и превише ослабе. Потоа повторно се здебели, а потоа стана потешко да се контролира телесната тежина. Значи YouTuber вели дека тој не е прв негов обид да направи целосна трансформација на телото, но разликата е во тоа што тој сега  го направил тоа попаметено.

Најважните работи, посочува Weller, накои треба да се посветиме за време на овие телесни трансформации се здравата исхрана, кардио рутините, без разлика дали трчање или нешто позабавно, и солиден режим на теретана. 

Тој исто така укажува на важноста од познавање на калорискиот дефицит, односно броење калории. 

"Треба да знаете колку калории треба да има вашето тело за да може да трчате и колку може да согорите со трчање. Ако треба, на пример, да консумирате 2.000 калории на ден, консумирањето 1.500 калории нема да ви користи. Вашето тело всушност ќе ја задржи маснотијата само за да функционира. во тој момент ", вели Weller, и препорачува да се користат мобилни апликации за овие цели. 

Тој ги советува луѓето да не ги осудуваат плановите и рутините сè додека не се обидат да бидат доследни најмалку 12 последователни недели.

Уште поважно, истакна тој, да не дозволиме мрзеливоста да не надвладее. 

„Понекогаш нема да можете да ја посетите теретаната неколку дена или нема да можете да јадете правилно. Ова е нормално. Но, не дозволувајте оние пропуштени вежби во салата да бидат почеток на откажување. 

Добро познатиот YouTuber признава дека започнал да тренира за да ги импресионира девојчињата, но сега истакнува дека негова главна цел е да биде и да остане најдобра верзија на самиот себе

Коментари

Популарно