Неколку финти за вашите омилени фармерки

Факт е дека фармерките генерално спаѓаат во групата  на  најудобните парчиња облека, па токму затоа ги носиме речиси секојдневно. Меѓутоа  честото носење, многу побрзо ги уништува, па добро е да знаете како долго да ви останат зачувани, или пак како целосно да го промените моделот.

Во продолжение погледнете неколку трикови за фармерките секогаш да бидат идеални.

Сигурно ќе ви затребаат неколку од нив:

Отстранете ја миризбата

Нормално е фармерките да апсорбираат влага и непријатни мириси, а од нив може да се ослободите така што ќе ги ставите во кеса за замрзнување и ќе оставите да преноќат во замрзнувач.

Спречете пуштање боја при перење

Измешајте еднаква количина на вода и сол и исперете ги фармерките со тоа, така што ќе бидете сигурни дека фармерките нема да пуштат сина боја.

Пролонгирајте го векот на омилените фармерки

Со честото перење, фармерките почнуваат да го губат новиот сјај и изглед, а за да го спречите тоа, треба да ги испеглате веднаш по вадењето од машина.

Спречете гужвање на фармерките

Започнете го процесот на сушење на максимален режим за топло. Пареата која се создава од мократа облека и високата топлина ќе ги отстрани гужваните делови.

Имајте на ум дека во машината за сушење може да додадете и неколку коцки мраз.

Стеснете ги фармерките дома

За ефективно теснење во домашни услови, исперете ги фармерките во врела вода и потоа веднаш исушете ги со најтоплите препарати за брзо сушење.

Повторете го ова неколкупати и фармерките ќе се стеснат како што посакувате.

Ефект на искинати фармерки

Наместо да купувате нови, или да ги носите старите на шнајдер за да го постигнете ефектот на искинати фармерки, направете го тоа сами, дома.

Ставете парче дрво или нешто тврдо во внатрешноста за да не се исече и задниот дел и со помош на ножици, скалпер или ренде, направете посакувана дупка.

Ефект на избледено

Не мора да купувате ниту нови избледени фармерки, едноставно можете сами да си ги направите такви.

Наполнете канта со лимонов сок и вода и потопете ги фармерките. Оставете ги неколку часа, но повремено проверувајте ги.

Кога ќе го постигнат посакуваниот избледен ефект, исплакнете ги и оставете да се исушат на сонце.

Коментари

Популарно