Започна 168 Октоберфест

Вчера Минхен по 168 пат ги отвори вратите за љубителите на пивото, официјално  започна познатиот фестивал на пивото Октоберфест

.Градоначалникот Дитер Рајтер, како што налага традицијата, првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.

Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.

Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.

Како и претходните години цената на пивото поскапе, па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во споредба со минатата година.

Коментари

Популарно