Бојата на очите ви го открива карактерот

Ако имате сини очи, тогаш поседувате едни од најретките гени на светот – само 17 отсто од луѓето имаат сина боја на очи. Околу 50 отсто од луѓето на светот имаат костенлива боја на очи.

Инаку, сината е најчеста боја на очи кај новороденчињата, но со текот на времето како што се развива меланинот, така се менува и бојата.

Можеби е најинтересен фактот како се развива сината боја на очи. Имено, научниците заклучиле дека генетската мутација на ОСА2 генот го менува начинот на производство на пигментот и така настанува сината боја. Една студија од 2008 година открива дека секоја личност која има сини очи поттикнува од истиот предок кој прв доживеал ваква мутација на генот.

Синооките луѓе почесто се раѓаат на одредени географски подрачја како Естонија или Финска, додека на пример во Америка, за 45 години, бројот на синооки луѓе се намалил за 25 отсто.

Иако луѓето со сини очи се ретки, можете да се чувствувате како една од најпосебните личности на светот доколку имате црвена коса и сини очи бидејќи овие случаи и одвоено се исклучително ретки, а во комбинација речиси и единствени.

Пред убавината на сините очи на многумина им застанува здивот, а истражувањето покажува дека тие се показател на духовна и психичка сила. Луѓето со сини очи често оставаат впечаток дека се ранливи и егоистични. Верувале или не, со оваа студија се докажува дека жените кои имаат сини очи, полесно можат да го издржат породувањето од оние жени кои имаат друга боја на очите.

Дамите со зелени очи имаат силен сексапил, а мажите ги сметаат за многу атрактивни. Во нивните очи се гледа мистериозноста и заводливоста што ги прави неодоливи и поразлични. Овие луѓе се многу креативни и тешко е да ги извадите од такт, затоа што обично знаат да функционираат под притисок.

Сивата боја на очи (понежна нијанса на сината) е вистинска реткост, но таквите луѓе многу лесно се прилагодуваат со луѓето и ситуациите и многу се страствени.

Оние, со очи во боја на лешник, најмногу сакаат независност, спонтани се и самоуверени. Но резултатите од истражувањето велат дека нивното однесување е многу непредвидливо.

Коментари

Популарно