Пешак е прегазен во центарот на Скопје

Пешак заврши во болница откако утрово беше прегазен на пешачки премин во центарот на Скопје, односно на завршувањето на пешачката зона на улица Македонија.

Пешакот се здобил со повреди на главата и на рацете и со возило на брза помош е пренесен во болница. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Коментари

Популарно