Светско откритие: Пронајдени фосили стари 310 милиони години

Нови фосили на влекачи, водоземци и безрбетници во Њу Бранзвик

Две петнаесетгодишни деца од Халифакс откриле фосилни траги на влекачи, водоземци и безрбетници долж брегот на Големите езера во Њу Бранзвик.

Мет Стимсон, помошник-кустос во музејот по геологија на Њу Бранзвик, рече дека трагите се стари 310 милиони години и се први од ваков вид од тој период. Според него, ова откритие исполнува празнина во историјата на Њу Бранзвик. Тој истакна дека има многу растителни фосили од таа ера во областа, но ништо досега не покажало дека животните биле таму во времето кога оваа провинција била тропско мочуриште.

Коментари

Популарно