Бавни коњи и брзи жени му земале се

 Фабијан О’Нил е славен уругвајски фудбалер Фабијан, тој е роден во градчето Пасо де лос Торос во областа Такуарембо во Уругвај. 

О’Нил својата професионална кариера ја започнал во Национал во Првата лига во Уругвај, а во првиот тим бил во периодот од 1992 до 1995 година. Во 1996 година потпишал договор со Каљари каде останал до 2000 година, кога преминал во Јувентус. Во јануари 2002 година преминал во Перуџа, за на крај да се врати во Каљари кој тогаш бил во Серија Б.

По пензионирањето О’Нил се вратил во Уругвај каде одгледувал домашни животни во фарма. Меѓутоа, во јануари 2003 година одлучил да се врати на фудбалот , па повторно потпишал со Национал. Но, за уругвајскиот прволигаш настапил само пет пати.

“Кога потпишав за Јувентус, од идолите во екипата се претворив во најлош играч, бидејќи околу мене имаше феномени како што е Зидан. Само поради него сега навивам за Реал Мадрид”, вели тој.

“Веќе немам ништо. Потрошив 14 милиони, но кој е крив? Криви се спорите коњи и брзите жени”, завршува О’Нил.

Коментари

Популарно