ВИДЕО: Фризер ѝ ишишал коса на девојка, а таа паднала во несвест

Во турската емисија „Ти си мој фризер“ настанал скандал кога фризерот Билал Агин ѝ отсекол на девојче кое учествувало во споменатата програма, повеќе коса отколку што очекувала.

Без оглед на тоа што ѝ најавил промена, таа гледајќи ја новата фризура доживеала шок и почнала да плаче.

Иако фризерот со еден потег ѝ ја скратил целата долга коса, таа откако сфатила што се случило, почнала да плаче, ја фрлила наметката, го напуштила студиото и на крајот паднала во несвест.

На Твитер ова видео за кратко време собрало 13 милиони прегледи, а мислењата се прилично поделени. Некому е смешно, а додека другите го разбираат однесувањето на девојката.

Коментари

Популарно