Фото: Денеска е посебен ден за „Фиќо“

На 18-ти октомври далечната 1955 година беше произведен првиот модел Застава 750, попопуларен помеѓу народот како Фиќо. Овој авотомобил  се произведуваше врз основа на  лиценцата од  италијанскиот Фиат, а неговото производство се одвиваше   сè до ноември 1985 година.

Вкупно се произведени 923.487 примероци од овој автомобил кој во поранешна Југославија е прогласен за национална класа. За тоа колку била голема неговата популарност, говори и фактот дека е снимен и истоимениот, денес култен филм, со Драган Николиќ во главната улога.

Неговиот претходник настанал во 1936 година, кога инженерот на Фиат, Данте Гиакоса, го конструирал легендарниот Тополино. Од Гиакоса било побарано да конструира нов мал градски автомобил за 4 лица, на платформата на Тополино.

Првото Фиќо кое било произведено во Крагуевац поседувало само 29 коњски сили. Освен во Италија и Југославија, популарното Фиќо се произведувало и во Австрија, Шпанија и Аргентина, а од производствените ленти излегле вкупно 2.695.197 автомобили во сите верзии.

Последниот автомобил од производствената лента на крагуевската Застава излегол на 18-ти ноември 1985 година, а истиот бил во црвена боја.

Коментари

Популарно