Руски подморници ненадејно се појавија на северниот Атлантик

 Интернет-порталот Military Watch Magazine објави дека група руски подморници (од кои најмалку осум на нуклеарен погон) се појавила во областа на северниот Атлантик, каде што инаку се наоѓаат голем број сензори со висока чувствителност распоредени во триаголникот помеѓу Гренланд, Исланд и Шкотска.

Минатата недела група од десетина подморници од составот на ВМФ на РФ ги реализираше своите задачи на отворено море, соопшти рускиот веб-портал РГ. Покрај овие подморници, висока активност на отворено море е регистрирана и од страна на група површински воени бродови. Според овој руски медиум, во овие активности учествуваа 35 ​​воени бродови и 17 помошни пловила.

Во оваа активност учествуваа најмалку две нуклеарни подморници од класата Sierra-II кои реализираа вежба на подводен спаринг. Екипажите на подморниците поминаа неколку дена под вода вежбајќи различни тактички варијанти на судир меѓу две подморници. Тие се следеа една со друга, изведуваа интензивни маневри обидувајќи се да ја заземат најдоминантната позиција за напад. Вежбата беше спроведена на сите нивоа на морската длабочина кои се пропишани со техничките способности на самите подморници. Исто така, се претпоставува дека се извршени и реални лансирања на торпеда кое се употребени за целите на вежбата, односно без вистински боеви глави. Пред тоа беше изведено достигнување максимална длабочина, како и тестирање на ново оружје.

Како што пренесува интернет-порталот Military Watch Magazine, овие подморници во круговите на НАТО се нарекуваат „ловци од титаниум“ поради материјалите од кои е сочинуваат направен нивниот труп и спецификите на нивната намена, која првенствено се фокусираа на „откривање и лов“ на противничките стратешки нуклеарни подморници и борбени групи со носачи на авиони. Се работи за исклучително опасни пловила кои со голема брзина се движат под површината на водата и кои можат да достигнат големи длабочини. Тие се вооружени со класични и реактивни торпеда, вклучувајќи и крстосувачки ракети „Калибар“.

Меѓутоа, посебен аларм што ги загрижи воените аналитичари од земјите на НАТО е појавата на овие подморници во подрачје кое од стратешка страна е многу чувствително. Поточно, десет руски подморници (осум од нив атомски) изведе пловидба во зоната на северниот Атлантик, каде што инаку се наоѓаат голем број сензори со висока чувствителност распоредени во триаголникот помеѓу Гренланд, Исланд и Шкотска.

Коментари

Популарно