Видео:Дали роботи играат фудбал?

Студентите од MIT отсекот за биометриска роботика одлучија на јавноста да и прикажат дел од своите пронајдоци.

На YouТube  каналот е  објавено видео на кое се гледа дека тие ги извадиле своите мини гепарди на прошетка во дворот на факултетскиот кампус и покажале што можат да изведат нивните метални миленичиња. Резултатот од нивните вежби не само што е фрапантен, туку е воедно и импресивен показател за моменталната состојба на развој во роботиката.

Студентите со вкупно девет роботи изведувале низа координирани акции, од координирани движења, преку групно салто, па се до играње на фудбал

Коментари

Популарно