Против него ќе биде поднесен соодвете поднесок

Скопјанец вчера бил приведен на улица откако агресивно се однесувал кон полицајци.

МВР информира дека во 10.20 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. од Скопје, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментари

Популарно