На овие пораки тој нема да ви одолее

Секси СМС пораки или „секстирање“, како што го нарекуваат експертите, е сè попопуларен метод на сексуално изразување. Точно, секси зборови полесно се пишуваат отколку да се кажат.

Но, не е тајна дека мажите се визуелни типови. Затоа, нема ништо подобро од раскошна СМС-порака со фотографија или видео да испратиме ако сакаме брз одговор. 

Нема смисла да се одолговлекува. Ако сакате итна реакција, треба да дејствувате на директен начин. Значи, експлицитна порака што јасно пренесува информации, како „ме возбудуваш“, ќе биде добра. 

Ако сакате да „возбудите“ човек, нема подобра тактика отколку да го потсетите  на нешто кое веќе се случило. Затоа, наместо да му испратите текст со кој ќе му кажете што ќе му правите на него, испратете му нешто во стил,  „работа“ која не можете да ја исфрлите од памет  а сте ја правеле претходната ноќ.  Реакцијата е загарантирана и веројатно вечерта ќе го сторите истотото повторно неколку пати.

Исто како во ресторанот, ќе ја запалите неговата имагинација раскажувајќи му детално што го чека на менито. Така, можете  во текстуалната порака, да му опишете што ќе му правите вечерта, напоменете му дека го очекува масажа на целото тело. 

Секстирањето секогаш треба да биде взаемно бидејќи ако не обострани никогаш не е секси и може да се смета за сексуално вознемирување. Тексас не дозволува праќање на „несакани“  слики. Значи, ако сте во Хјустон и испратите слика од вашиот генитален орган на некој кој не го побарал тоа и не сака да го види, може да бидете казнети со 500 долари.

Коментари

Популарно