Ентони Џошуа повторно стана светски шампион во тешка категорија

Во синоќешниот меч "Британскиот боксер, Ентони Џошуа со едногласна одлука на судиите го победи „мексиканскиот“ Американец, Енди Руис и повторно стана светски шампион во тешка категорија. На Џошуа судиите по завршувањето на 12-те рунди му дадоа предност и гласаа : 118-110, 118-110 и 119-109.

Џошуа на овој начин му се реваншираше на „дебелкото“ Руис за сензационалниот пораз во јуни во „Медисон сквер гарден“

Британецот освен што си го врати шампионскиот појас, сега е побогат за 55 милиони долари.

Ниту Џошуа, ниту, пак, Руис не воодушевија со боксот. Британецот стрпливо ги собираше поените, од силината на ударите пукна и аркадата на Американецот, а како се ближеше борбата кон крајот, се повеќе се тактизираше

Коментари

Популарно