Дали знаете зошто полициското комбе се вика „марица“?

Додека повеќето веруваат дека полициското комбе го добило прекарот во инспиративен момент на  некој шегаџија, вистината е поинаква. Името "Марица" ​​потекнува од англискиот јазик.

Уште во 19 век, црните полициски кочии биле наречени „Црна Марија“ во целиот регион што зборувале англиски.

Сепак, понатамошната етимологија на прекарот се разгранува во две насоки.

Првата е поврзана со „Црната Марија“, позната кобила која освоила многу трки во САД во средината на 19 век, а заради големата популарност што ја стекнала, станало вообичаено  црните коњи да го добијат  тоа име. Исто така, полицијата ја прифатила фразата „Испрати Црна Марија“, која се однесува на бојата на кочијата, но и брзината со која требаше да пристигне на местото на злосторството.

Според друга теорија, иако е помала веројатноста, потеклото на прекарот се поврува со Афроамериканка Марија Ли, која поседувала бордел во Бостон во првата половина на 19 век. Бидејќи тоа била многу голема и силна, полицијата честопати ја повикувала на помош при интервенции кога посетителите правеле проблеми во борделот.

Имено  Марија била многу ревносна така што полицијата ја повикала на помош и за време на други интервенции, а со тек на време полициските возила, како верен полициски асистент, го добиле прекарот Црна Марија.

Коментари

Популарно