Видео Претседателот Пендаровски уживаше во звуците на зурлите од славните Мајовци

Претседателпт Стево Пендаровски  на својот ФБ профил откри дека денеска уживал во звуците на на зурлите во Дебар тој напиша „ Вистинско доживување е да се биде гостин во куќата на потомците на славните Мајовци каде зурлите поврзуваат три генерации. Денес во Дебар имав одлична можност да слушнам автентичен звук на зурли и тапани кои потсетуваат на Тешкото како симбол на нашата историја, или пак нераскинлив дел од традицијата, на Галичката свадба најавувајќи ја веселбата. Мајовци се одлични познавачи на традициите и ората на сите заедници во дебарско-мијачкиот крај и ја негуваат нивната разноликост. #Лицевлице“

Коментари

Популарно