Сашо Десеновски: „Никола Груевски стои зад креирањето на „Рекет“

Новинарот Сашо Денесовски на порталот Охридскај пишува интересна вест, која буквално ја крена целата македонска јавност на нозе. „Никола Груевски стои зад креирањето на „Рекет“ односно зад Катица Јанева и Боки 13“.

За оваа изјава коментар даде и Бранко Героски, кој прв ја откри оваа афера, а истото подоцна го направи и Јорданка Ивановска – Јоци, при што имаше и препукување на социјалните мрежи меѓу двајцата новинари.

Во продолжение ќе ви пренесеме дел од текстот од Охридскај, а целиот текст ќе може да го прочитате на самиот сајт:

Некогаш заменик Основен Јавен Обвинител во ОЈО Гевгелија, потоа Специјална Јавна Обвинителка Катица Јанева ,сега обвинета во случајот „Рекет“Катица Јанева, преставува уште една криминална фигура на „преродбата“ на Никола Груевски.

Оштрите „пера“кој патем се дебело потплатени, никако не сакаат да обзнанат дека всушност Катица Јанева, беше единствен предлог на Никола Груевски за да се создаде Специјалното јавно обвинителство, кој мораше да биде прифатен од страна на СДСМ и другите политички актери на Пржинскиот договор. Од предлогот Јанева да биде специјален јавен обвинител Груевски не попуштал, но со Јанева го поврзувале многу криминални дејствија од минатото.

Она што се чути од неразбирливи причини, преставува фактот, дека сега покојниот сопруг на Катица јанева во 2010 година е фатен во голем шверц на егзотични животни во вредност од над 20.000.000 евра, кој преку Србија требало да завршат на пазарот во Западна Европа.

Исто така малку се знае, а уште помалку се пишувало дека за ваквото нешто отворен бил предмет во ЈО гевгелија, кој предмет никаде го нема сега ,а но ги снема тогаш преку ноќ и запленетите егзотични животни ,кој веќе наредниот ден со посебен транспорт биле предадени во Београд.

Наредбата за да се ослободи сопругот на Јанева и запленетите животни доваѓа директно од врвот на владата , поточно директно од Никола Груевски, кој во времето кога ја издавал наредбата во неговиот кабинет друштво му правел српскиот државјанин Андреја Вучиќ. Обезбедување на транспортот на егзотичните животни до граничниот премин „Табановце“ лично му бил доверен на Зоран Милевски-Кичеец и на уште две бараби со потекло од Охрид ,кој патем биле управители на сите фирми на Орце Камчев, во јавноста попознати како “Грунци“.

Камчев преставува само еден од ликовите губитници, кој исто како и Никола Груевски и останати криминални структури, воопшто не му одговора правна држава, навикнати да бидат господари на све и сешто, навикнати на лагодност, разврат и блуд, одеднаш постанаа обични смртници, кој не можат да ги остваруваат своите походи Македонија и понатаму да биде меѓународна перилница на пари, да биде една од главните рути во трговијата со наркотици, на нив им беше потребна Ничија земја со самопрогласен забеган Крал од типот на Груевски, за да и понатаму си ги остваруваат своите настрани сништа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Коментари

Популарно