Новак Џоковиќ доби необична покана

Познатиот авантурист, пишувач и ТВ водител Бер Грилс јпознат  по своите серии за преживување: Ultimate Survivor, Born Survivor, Man vs. Wild , изјави дека би сакал во еден од неговите наредни серијали да го сними баш во Србија, а гостин да му биде Новак Џоковиќ.

Британецот кој стекна светска популарност со емисијата во која преживува на најсуровите места во светот, во интервју за “Недељник” изјави дека барем една епизода сака да сними во Србија.

– Природната убавина на Србија е спектакуларна. Обично кога бираме локации за снимање, одлучуваме тоа да бидат оние кои нудат разноликост, а Србија нуди полн пакет- планини, реки, шума, богата природа и неверојатна дивина. Доколку Новак Џоковиќ се согласи да биде мој гостин, повеќе од сигурно дека би снимиле епизода во Србија- изјави Бер Грилс.

Коментари

Популарно