ФОТО: Лекар посвоил 2 ќерки, па почнал со бизарен експеримент

Приказната почнува вака - пластичниот хирург д-р Мајкл Никол и неговата сопруга посвоиле две ќерки, а потоа таткото решил да ги употреби своите вештини и да ги „разубави“.

Првата ќерка почнал да ја „средува“ која имала 10 години, откако се жалела дека не ѝ се допаѓа нејзиниот папок. Сега Чарм и Британи се редовни клиентки на својот татко , и секоја од нив оперирала скоро се на телото.

Сите операции ги правел исклучиво нивниот татко, за, како што велат, да биде сигурен дека ќе го постигне најдобриот можен ефект.

Никол градите ги оперирала на 18. години, додека Чарм чекала да наполни 25. Покрај тоа, ги оперирале носевите, јаболчниците, задниците и уште многу други работи.

Тие двете велат дека пораснале во такво опкружување каде естетската хирургија е нормална работа и каде многу се вложува во убавината, односно дека не виделе никаков проблем во тоа така рано да се почне со операциите.

И, додека татко им им ги исполнувал сите желби, нивната мајка, Пени, се противела со тие операции.

Нивниот татко вели дека не верува дека носи некаква одговорност за тоа што девојките сега за секоја ситница одат под нож.

Коментари

Популарно