Тој се „префрли“ од ракомет на музика

 Страхиња Милиќ се откажа од ракометната кариера поради неможноста да ги намали килограмите.

Стручниот штаб од РК Вардар, тимот со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите, побара од него физички да напредува или да прифати помала плата. 29-годишникот тоа го одби и одлучи да стави крај на спортската авантура. 

Кариерата ја започна во Партизан, а од 2012 до 2018 година беше дел од македонскиот првак. Во истиот период се израдува на големи успеси и беше еден од подобрите голмани во Европа.

Српските медиуми пренесуваат дека екс репрезентативецот целосно заборавил на ракометот и се посветил на снимање спотови. 

Корпулентниот Милиќ се појави во спотот за песната „Алигатори“ од изведувачот Девито.

Коментари

Популарно