Лепа Брена со семејството отиде на егзотично патување. Брена, Боба, Филип и Стефан, како и Александра Пријовиќ со малиот Александар се наоѓаат на Малдивите, каде ќе го поминат зимскиот одмор.
Фамилијата прво беше во Дубаи, а потоа се „пресели“ на Малдиви, каде уживаат во најубавото време, но и луксузот што им е достапен.
На Брена како и на Александра највеќе им се допаѓа собата од која се оди директно во вода, па така тие објавија видео како изгледа тоа.