Жителите на Флорида се соочуваат со страшен студ

Метеоролозите во јужна Флорида најавиле во вторникот попладне дека страшен студ би можело да доведе до тоа да игуаните започнаат да паѓаат од дрвјата, а потоа, за жал тоа и се случило.

„Ова сигурно не е просечен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ‘дожд од игуани’ – соопштиле метеоролизите, а потоа навистина жителите на улиците започнале да гледаат разфрлани тела на игуани.

Имено, кога силен студ ќе ја зафати земјата, игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваа неподвижни и едноставно повеќе не можат да се држат за гранките. Смрзнуваат кога темепературата ќе падне под 10 степени Целизусови.

Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат бидејќи игуаните ќе се разбудат кога ќе се стопат.

Меѓутоа, месото од игуаните започнало веднаш да се продава преку интернет, известил „Мајами Хералд“.

„Сезоната на мангото можеби трае со месеци, но доколку денеска сте на Флорида на вашето дрво можете да берете игуани“, наведува Хералд.

Коментари

Популарно