Еве кои се најубавите и најсексапилните Италијанки и поранешни Југословенки

Неодамна едно женско списание кое излегува во неколку западноевропски земји се позабави со убавините на Италијанките и поранешните Југословенки.

Секако дека Италијанките, според својот сексапил, медитерански шарм, медитеранската харизма и начинот на кој комуницираат и гестикулираат го држат првото место, далеку пред поранешните Југословенки, Французинки, Русинки, Скандинавки и Гркинки. Како најзгодни Италијанки одбрани се вечните: Џина Лолобриџида, Софија Лорен, Клаудија Кардинале (ја видовме пред некоја година на фестивалот „Браќа Манаки“), Моника Белучи и Милва, легендарната пејачка на италијанските канцони. Изборот е навистина феноменален, секоја од овие е многу позната личност која со својата професија оставила голем белег.

Но, за нас овде подалеку интересен е изборот на најзгодните жени од поранешната Југославија. Пријатно сме изненадени бидејќи на листата се најде и една Македонка, познатата пејачка Маја Оџаклиевска (многумина ја споредуваат со Италијанската пејачка Милва), а која денес живее и работи во Белград, но таа како што вели била и останала горда Македонка. Си ја задржала својата природна македонска убавина. Маја извесно време е повлечена од естрадата, бидејќи презела одговорноста да се грижи за здравјето на својот внук Лука.

Со Маја на оваа листа се најдоа и: неодамна почината актерка од Србија, Неда Арнериќ (или за нас позната како Делфина од истоимениот македонски игран филм), која ја понесе титулата за најубава. Тука се уште и: сплитската пејачка Дорис Драговиќ, која двапати успешно настапи на Евровизискиот фестивал, хрватската актерка Мира Фурлан, актерката од Србија, Лидија Вукиќевиќ, попозната кај нас како парољупка Виолета од серијата „Бољи живот“, како и згодната пејачка Емина Јаховиќ, која е родум од Нови Пазар од Санџак, Србија, но во кој најмногу живеат муслимани.

Емина пее и во Турција, а неодамна се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал со кого има два сина.

Коментари

Популарно