Скршениот Пау Гасол: Мојот постар брат…

На инсистирање на Коби Брајант, еден од најуспешните шпански кошаркари на сите времиња во 2008 година се пресели од Мемфис во Лос Анџелес Лејкерс. Заедно играа шест години, освоија две шампионски титули, но нивното пријателство остана до последниот ден.

Пау Гасол уште официјално не ја завршил кариерата, но покрај повредата што ја доѓивеа неодамна, прашање е дали би можел да продолжи да игра кошарка по смртта на Коби. На Твитер призна дека е „повеќе од скршен“ и дека жали за „својот постар брат“.

Коментари

Популарно