Далас го повлече дресот со број 24

Далас Маверикс го повлекува дресот со број 24 во чест на загинатиот играч Коби Брајант, соопшти сопственикот на Далас Марк Кјубан.

"Шокирани сме од шокантните вести за смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана. Коби беше амбасадор на нашата игра, легенда и глобална икона. Пред све беше сакан и посветен татко. Па поради тоа нашата организација одлучи да го повелече дресот со број 24 во нашиот клуб Далас Маверикс и повеќе никој да не го носи", стои во соопштението на Кјубан.

Коментари

Популарно