Целиот Сан Сиро беше во знакот на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана

Фудбалскиот клуб Милан пред куп-дуелот со Торино најави дека ќе му оддаде почит на загинатиот поранешен кошаркар, но никој не очекуваше дека тоа така ќе изгледа.

Голема помош, клубот имаше од своите навивачи кои не само што излегоа во пресрет, туку го презедоа главниот дел од одговорноста.

Освен што пред натпреварот целиот Сан Сиро беше во знакот на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана, а на големиот семафор пишуваше „Секогаш Коби“ и „Легендите никогаш не умираат“, во 24-тата минута цел стадион стана на нозе и со аплауз го испрати екс-играчот на Лејкерс.

Притоа, на трибината каде што се најзагреаните навивачи на Милан осамна транспарент: Почивајте во мир Коби и Џијана, секогаш заедно!

Најслаба алки од натпреварот беа главниот судија и Фудбалската федерација на Италија кои не дозволија со минута молчење пред натпреварот да им биде оддадена почит на Коби и неговата ќерка.

Коментари

Популарно