Се врати првиот Србин од Вухан, се чувствува добро

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека српски државјанин кој престојувал во Вухан, синоќа пристигнал во Белград и поминал на лекарски прегледи. Тој се чувствува добро и нема симптоми на коронавирус, додаде Дачиќ.

Дачиќ изјави дека лицето било еден од петте Срби кои живеат во Вухан.

„Еден српски државјанин не сака да ја напушти Кина, додека тројца чекаат евакуација од градот, што може да се направи со помош на Франција“, додаде Дачиќ.

Дачиќ вели дека српскиот државјанин кој се вратил од Вухан пред да биде ставен во карантин од градот отишол во другите делови на покраината, потоа во Шангај,  од каде што преку  Москва стигнал до Белград.

“Ние му го плативме билетот и со помош на министерството, тој се врати од Москва. Засега се е во ред, ја помина контролата, нема температура и нема никакви симптоми. Ќе видиме како ќе продолжи ситуацијата”, рече Дачиќ.

Дачиќ рече дека не е лесно да се евакуираат лица од Вухан и дека преостанатите граѓани сега не можат да патуваат сами во Шангај или друг град, но исто така истакна дека мора да има добри мерки на здравствена заштита во оние земји каде што се враќаат луѓето од Вухан.

Тој исто така рече дека нема потреба да се шири паника и нереални очекувања дека сите граѓани што живеат во Кина ќе бидат евакуирани, бидејќи во другите градови не е прогласена вонредна состојба, ниту една зона не е затворена и сообраќајот функционира нормално.

„Невозможно е да се евакуираат лица од отворен град, евакуацијата се прави од области погодени од болест или војна“, заклучи Дачиќ.

Коментари

Популарно