Димитров по гласањето за НАТО: Мене ми стана незгодно

Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите... зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија? Прашањето го постави министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук синоќа откако вчера пратениците гласаа за Протоколот з ачленството на Македонија во НАТО. Својот глас „за“ го дадоа и пратениците на опозицијата, факт што го инспирирал Димитров за објавата. 

"Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се китат со перјата). Ми кажа да се обидам да бидам во првата група; таму имало многу помала конкуренција."

Индира Ганди (1917 - 1984)

Опозицијата не само што не учествуваше во надминувањето на пречката за НАТО членството - решавање на спорот околу името - туку направи и уште прави се’ што може тоа да го оневозможи. Прво, преку антиквизацијата го нагризаа идентитетот дома, а изгубија разбирање и пријатели надвор. Второ, не само што не гласаа ЗА на референдумот, туку се плашеа и да повикаат да се гласа ПРОТИВ. Трето, застанаа до ѕидот во Собранието кога се гласаа уставните измени. Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите... зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија? Се разбира дека не - за товарот нема никогаш да стават рамо, но за ловорики први ќе подадат глави. Тоа не е политика. Тоа во најдобар случај е површно политиканство. Во спротивно, и пореално, тоа е чиста деструкција спакувана во лажен патриотизам, напиша Димитров.

Во постскриптум вели:

ПС. Мене ми стана незгодно ...

Коментари

Популарно