ВИДЕО: Спикерка почна неконтролирано да се смее на сред вести

Александра Новикова, спикерка на локална телевизија на Камчатка направила грешка при читањето на вестите, па почнала неконтролирано да се смее.

За среќа, вестите не се емитувале во живо, а видето со нејзината реакција кое било дополнително објавено станало вистински хит. 

Таа погрешно ја прочитала веста за зголемување на трошоците за социјална заштита, велејќи дека примачите ќе добијат дополнителни 500 рубљи за „меѓународни патувања”. Во оригиналниот извештај за зголемување на додатоците за инвалиди и воени ветерани пишувало дека бил предвидени 500 рубљи за патување на пациентите до центрите за лекување.

Токму зборот „меѓународни” наместо „градски” предизвикал неконтролирано смеење кај водителката.

Коментари

Популарно