ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ - почина 58-годишен маж

Експлозијата во Романовце ја однесе и четвртата жртва.

На Единицата за интезивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје вечерва почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба, информираше за МИА директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ  д-р Илир Хасани. 

„Во крајно тешка состојба се и две жени, на возраст од околу 30 и 50 години. Во критична состојба, пак, е еден повозрасен маж“, изјави Хасани.

Ова е четврт смртен случај. Во експлозијата загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.

  

Коментари

Популарно